Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во средината на Италија, која беше погодена од разорен земјотрес уште во 2016 година.

Според прелиминарните информации, денешниот земјотрес нанел штети од помали размери, но наведено е и дека никој не е повреден.

Епицентарот бил во местото Муча во регионот Маркe, а регистриран е во 05:11 часот по локално време.

Градоначалникот на градот Пјеве Торино, кој претрпе тешки последици од земјотресот во 2016 година, рекол дека денешниот потрес нанел извесни штети и дека училиштата се затворени.

Железничкиот сообраќај во некои делови од тоа подрачје е запрен, за да се провери дали се оштетени пругите.

Во земјотресот во 2016 кој бил со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, загинале околу 300 лица, додека уништени биле и многу села.