И во 21. век се побројно е движењето на "рамноземјаши", кои не ги признаваат научните откритија и заговараат теорија дека Земјата е рамна плоча.

Само три минути се доволни за таа теорија да се разбие со сериозни научни одговори кои на интересен начин илустрираат како би изгледала Земјата ако навистина е рамна плоча. Меѓу другото, видеото дава одговори на прашањата - како би делувала силата на гравитацијата, дали би постоеле временски зони и годишни времиња и на крајот дали на таа рамна плоча воопшто би постоеле услови за живот. 

Што би било кога би било?

За почеток заборавете на пешачењето и шетањето до работ на рамната плоча, бидејќи гравитацијата тоа нема да ви го дозволи.

Дали гравитација, на рамната плоча, воопшто би постоела? Секако дека да. Токму гравитациската сила е таа која ја обликува, но и држи нашата, како и сите останати планети, во група.

Кога Земјата би имала облик на палачинка, силата на гравитацијата би не влечела кон нејзиниот центар. Како повеќе се оддалечуваме од него, силата би станувала се посилна и посилна и силно би не повлекувала назад. И додека чекориме по рамната плоча, би имале чувство дека се искачуваме на брдо кое, со секој нов чекор, станува се пострмно и пострмно. Во моментот кога би успеале некако да дојдеме до работ на Земјината рамна плоча, силите кон влечат надоле и наназад би станале еднакви.

Сета вода би била во средиштето на Земјата.

Како би изгледала во вселената планета која има облик на рамна плоча?

Според една од теориите според која Земјата е рамна плоча, Сонцето се врти околу Земјата, а не обратно. Но, што би се случувало доколку навистина сонцето кружи околу Земјата, како месечината?

При такво сценарио нема да патиме од џет-лег, екстремен умор кој го чувствуваме по долг лет низ неколку временски зони. Причината е едноставна - временските зони нема да постојат. Сонцето истовремено би го греело и горниот и долниот дел на планетата. Со оглед на тоа дека сончевата светлина константно свети на Земјата, би немало циклуси на промена на ден и ноќ.

Нема да има ни промена на годишни времиња, ниту помрачување на Сонцето. Сонцето, во тој случај, само по себе би морало да биде многу помало, бидејќи спротивно би ја запалило Земјата.

Но, и кога би било помало, во секој случај силно би ја "пржело" рамната плоча, бидејќи на неа нема да има магнетно поле кое би не штитело од Сончевото зрачење.