Драматична снимка која се појави на јутјуб каналот го потресе светот, а целта на видеото е да се извлече поука од користењето на мобилните телефони додека се седи зад воланот.

Видеото е направено на еден надвозник во Флорида минатата недела, а според полицискиот извештај сообраќајната несреќа се случила на 4 јануари кога Самуел Колон (49) го управувал камионот во кој што превезувал рециклирани материјали.