Видео

На прв поглед изгледа дека е смртоносен пајак, но станува збор за нешто сосема друго.

Русинот Стефан Пабст е креатор на оваа 3Д уметност. Неговиот цртеж изгледа толку реално, што ќе поверувате дека пајакот е вистински.

Стефан, кој слика од својата 5-годишна возраст, кажува дека за цртежот да го заврши му било потребно околу три часа, а најчесто слика работи од неговата непосредна околина.

„Аспајар Асист“ е нова напрва која на луѓето им овозможува да се прејадуваат, а потоа да ја „испумпаат“ изедената храна од желудникот.

Оваа контроверзна направа до сега не беше достапна за пошироката јавност, но нејзината популарност секојдневно расте и наскоро ќе се најде во слободна продажба во Велика Британија, каде нејзиното доаѓање предизвика многу рекации, од кои некои очекувано не се позитивни.

Иако, корисниците можат да се пофалат со одлични резултати, при што некои изгубиле и до 45 килограми, критичарите тврдат дека овој изум само им овозможува на луѓето да „повраќаат кога сакаат“, со што не се решава вистинската причина за дебелеењето.

Пациентите мораат на почетокот да се подложат на 15-минутна операција, при што во желудникот им се става цевка на која се надоврзива пумпа со која во желудникот се вбризгува вода и потоа се „извлкува“ несварената храна. Кога не се користи, крајот на цевката се затвора.

Тие кои ја користат направата ги избегнуваат варењето на третина од изедената храна.

Производителот на направата во промотивни материјали ги предупредува корисниците внимателно да ја џвакаат храната, за да не се затне пластичната цевка. 

Момче од Јутјуб каналот “AreWeFamousNow” направи мал социјален експеримент. Му пријде на бездомник и му понуди пари за да види како тој ќе реагира.

Бездомникот на почетокот беше скептичен, но ги прифати парите. Му кажа да го чека на тоа место,а тој ќе се врати за кратко.

Тоа што се случи во продолжение ќе ви ја врати вербата во човештвото...

Потенцијалниот победник во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ во вчерашната специјална емисија отпеа дует со Лепа Брена.

Имено, во неделата (05 јули) се емитуваше специјална емисија во која натпреварувачите од „Ѕвездите на Гранд“ пееја во дует со најголемите балкански ѕвезди, а нашиот Ален Хасановиќ ја имаше честа да настапи во дует со единствената Лепа Брена.

Хасановиќ во дует со Лепа Брена ја отпеа „Један дан живота“, а потоа во придружба на Ана Бекута ја изведе „Треба времена“.

На 12 јули во Арена Борис Трајковски во Скопје ќе се одржи големото супер финале на „Ѕвездите на Гранд“.

Македонија вчера се гордееше со нашиот славеј Трајче. Трајче Георгиев вчера го зема второто место во „Пинковите ѕвездички“, а Марија го освои првото место. 

Трајче вчера се престави со песните  „I just called to say i love you”, „Јано мори“, „I who have nothing“, „Pray“.

Репрезентацијата на Чиле за првпат успеа да ја освои титулата на „Копа Америка“ откако синоќа во финалето ја победи Аргентина по изведувањето на пенали.

Во регуларните 90 минути и во продолжението немаше голови – 0:0, а по пеналите беше 4:1 за Чиле.

Чиле е осма репрезентација која успева да триумфира на „Копа Америка“. Уругвај со 15 трофеи е најуспешен, следи Аргентина остана на 14 (последниот 1993 година), Бразил осум, Парагвај и Перу по два, Колумбија и Боливија имаат по еден трофеј.

И двете селекции имаа шанси да дојдат до триумфот пред изведување на пеналите, а во рулет серијата сите играчи на домаќинот Чиле ги реализираа пеналите: Фернандез, Видал, Арангуиз и Санчез, додека за Аргентина единствено Меси беше прецизен, а Игуаин и Банега не ја затресоа мрежата на чилеанскиот голман Браво.

Најдобри стрелци со по четири голови на 44.издание на „Копа Америка“ се: Варгас (Чиле) и Гуереро (Перу).

Американската војска ги најмила компаниите „Malloy Aeronautics“ и „SURVICE Engineering“ да развијат летечки велосипед за војни цели, а доколку се биде како што треба, производството ќе започне за три до пет години.

Војската планира да ги користи овие летечки велосипеди како извидничко возило во мисиите за потрага и спасување, бидејќи се помали, посигурни и работат потивко од хеликоптер.

Возилото повеќе наликува на квадрикоптер отколку на велосипед, а ќе користи четири пропелери кои ќе го креваат во воздух.

Според информациите, ќе можат да достигнат висина до 3.000 метри, а максималната брзина ќе биде нешто повеќе од 27 километри на час. Неговиот досег ќе биде ограничен на 150 километри.

Се проценува дека летечките велосипеди ќе чинат помеѓу 50.000 и 60.000 долари.

 

38-годишниот Дејмон Гамеау од Австралија престанал да јаде брза храна на 60 дена. И поради тоа зажалил. Иако мислел дека прави добра работа, овој маж за два месеци се здебелил осум килограми, "заработил" болест "здебелување на црниот дроб" и го зголемил ризикот за срцево заболување...

- Не јадев "џанк фуд", сладолед, чоколади, не пиев газирани безалкохолни пијалаци. Мојата исхрана се базираше на спортски пијалаци, јогурти без масти, плочки со житарки и слични здрави производи", вели тој.

Германскиот интернационалец Лукас Подолски од следната сезона ќе го носи дресот на Галатасарај.

Тој утрово пристигна на медицински прегледи во Истанбул, а во текот на денешниот ден треба да го официјализира договорот со Галатасарај.

Подолски од фановите на турскиот тим беше пречекан како мега ѕвезда со овации, кои воедно му подарија шал со боите на клубот.

Фудбалерот не даваше изјави за медиумите, а се очекува по медицинските прегледи да биде промовиран во нов играч на Галатасарај.

Ако некогаш сте се прашувале како изгледа тајниот живот на бебето, еве ги најслатките одговори. Погледнете...

Имате проблеми со стапалата? Се што треба да направите е да загреете 2-4 шољи млеко и да ги ставите нозете да стојат некои 5 минути, потоа додадете сода бикарбона и добро истријте ги... резултатот ќе ве воодушеви.

Слушнете како хрватскиот пејач Џибони пее на македонски јазик. 

Доколку целата случка не е наместена , нечив дечко нема да биде среќен кога ќе ја види оваа снимка на Јутјуб и ќе си направи услуга во животот ако ја прекине врската.

Првенство на Јордан. Ал Фаисали и Ал Вихдат изиграа 0:3. Голманот многу им помогна на гостите

Малку сода, малку лимон, и вашите заби ќе сјаат како бисери.

Еден од омилените ликови на македонската музичка сцена ќе има екстра забавно гостување во најпознатото наше ток шоу, Еден на Еден.

Погледнете како ова детенце се преплаши од големиот зајак

Погледнете што се случило кога оваа мајка му го дала својотмобилен телефон на бебето...

Малку му фалеше на Барак Обама


Овој кунгфу мајстор и шаолин монах ништо не може да го скрши.