Видео

Нова бизарна игра тренд во Србија. На ЈуТјуб се појави снимка на која се гледаат две момчиња од Србија кои голи до појас стојат на снегот и верувале или не се гаѓаат со огномет по голото тело, на температура од -10. Момчињава дали се свесни дека од обична игра може да дојде до некоја посериозна повреда. 

Погледнете... 

Урнебесно видео кое ќе ве насмее до солзи. Погледнете...

На доделувањето на Златната топка во еден момент во бекстејџот каде што Роналдо седеше со својот син, помина неговиот најголем ривал Лионел Меси. 
Младото момче стана да се поздрави со Аргентинецот.

Потоа она што следуваше ќе ве шокира. Имено Роналдо му рече на Меси дека постојано ги гледал неговите дриблинзи на интернет снимките.

А веднаш потоа се сврте кон момчето и му рече. „Сега немој да се срамиш!“ 

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Гарнет, заработи исклучување на натпреварот со Хјустон, откако се обиде физички да се пресмета со противничкиот играч Двајт Хауард.

Имено, при еден напад на Хјустон кога акцијата беше прекината Гарнет со намера го погоди Хауард со топката, а потоа го удри со глава по што возврати и Хауард.

Доколку дома имате стар џемпер кој повеќе не планирате да го носите, еве интересен проект кој лесно може да го направите.

Се што ви треба е џемпер, ножици, маркер, игла и конец, неколку копчиња за украс и безопасни.

Погледнете го видеото и пробајте да си направите и вие.

Сигурно не ви текнало да пробате да одите по табла јајца.

Ако сте подготвени за забава поставете една мушама, земете табла јајца и експериментирајте како во ова видео!

Лоба се проба како спикерка на хелиум, Сара се проба како актерка, а двете споделија многу интересни приватни работи во разговорите со Жаре. Екипата веќе постави скратена верзија од емисиајта на својот јутуб канал, топло препорачуваме да ја погледнете и да уживате.

Што повеќе да се каже...

Илјадници православни верници во Бугарија го прославија празникот Водици на 6.јануари. Но во бугарскиот град Ботевград верниците го извадија крстот од водата со боксови.

Попот прво го фрли крстот на крајот на фонтаната, подалеку од момчињата кои се подготвуваа да скокнат по него, па крстот го фати една девојка.

Првото фрлање беше поништено, но и второто не помина мирно... наместо да се борат кој да го фати крстот, меѓу нив летаа боксови.

Фото: Botevgrad.com

Јакоооо Интересно дас е види...

ПОВТОРНО МЕСТЕНКА КАКО И ВО САД???

Видео на еден Youtube канал кој забележа нешто чудно на „LIVE“ снимката на нападите во Франција...

Пренеле avazistine.com

 

Таканаречениот „Професорски пленум“ избега од дебатата за реформите во високото образование, која самите професори бараа и прифатија наместо во хотелот „Александар Палас“ да се одржи во Собранието на Република Македонија.

Членовите на Пленумот најпрво не сакаа дебата за измените на законот за високо образование во хотелот „Александар Палас“ , а откако лично премиерот Никола Груевски им објасни дека е одбран како неутрално место и им предложи да дојдат во Собрание, ако им е таму подобро, тие пред камерите се согласија, за потоа да ретерираат од ставот и да не се појават на дебатата.

Сите ректори, професори и гости можеа од хотелот да отидат во Собранието, додека професорите од пленумот, чија желба се исполни, сепак не влегоа во Собранието на јавната дебата, бидејќи според нив дебата не е легитимна и не била закажана согласно законодавните процедури.

pobaraa

Откако стана јасно дека Пленумот не сака решенија, не сака дијалог и не сака квалитет, маските на незадоволните професори паднаа и нивните амбиции се разобличија. Во обидот да се изврти реалноста, опозициските медиуми продолжија со манипулации, претставувајќи дека Пленумот не прифатил дебата во Собранието, иако пред камерите професорите јасно прифатија да бидат дел од дебатата на местото кое сами го побараа.

Однесувањето на професорите од Пленумот, давање збор, а потоа погазување според упатените открива дека овде станува збор за политиканство и оти нивната цел не е дијалогот. Тоа што го направија коментираат е јавен срам.

Многумина се прашуваат како стигнала до возачката дозвола оваа госпоѓа која никако не може да погоди на која страна треба да се паркира за да наточи бензин во својот автомобил.

Моќен текст и преубава балада. Вака се опишува новата прекрасна песна на легендарниот Ефто Пупиновски.

Моќен текст и преубава балада. Вака се опишува новата прекрасна песна на легендарниот Ефто Пупиновски.

Погледнете го ова видео кое загарантирано ќе ви измами насмевка...

Многу експерти потврдуваат дека сложувањето на Рубикова коцка го поттикнува развојот на интелигенцијата, логиката и креативноста, па поради тоа овој мајстор заслужува да се истакне, бидејќи не се работи за обично сложување на обична Рубикова коцка...

Во ноќта помеѓу петок и сабота, на улица „Школска“ во Зеница, Босна и Херцеговина, со голема брзина на пешачки премин беше прегазен И.А. од Зеница, кој се здобил со сериозни повреди.

На полицајците во пронаоѓањето на возачот, кој беше уапсен во Витез два часа по несреќата, им помогнаа камерите за надзор на ресторанот “Carpe Diem”, кои го снимиле моментот кога Ј.В. со голема брзина, без забавување при преминувањето на „лежечките полицајци“ го собори 27-годишниот зеничанин и избега од местото на несреќата.

Во квизот на Драган Вучиќ кој се емитува на Алфа се јави гледач кој ја изнасмеа Македонија...

Пејачката занесена сакајќи да ни честита Нова 2015 година, утна за “само“ 100 години!

Пивото има околу пет проценти алкохол, па во допир со воздухот кој е на 30 степени под нулата реагира многи интересно! Погледнете...

Во овие времиња кога снегот навистина прави големи проблеми, сите посакуваме едно вакво чудовиште на улиците. За него големи снежни наноси се вистинска забава.

Српската актерка Јелена Гавриловиќ која пошироката јавност ја запозна како една од натпреварувачките во популарното регионално шоу „Твоето лице звучи познато“, наскоро цел свет ќе има можност да ја гледа во кино салите, рамо до рамо со Селма Хаек.

Филмот „Еverly“ е сниман во Белград, а главната улога ја игра познатата актерка Селма Хаек. Една од останатите улоги и припадна и на талентираната Јелена Гавриловиќ, а како филмот ќе изгледа може да се насети по трејлерот:

Ја излези Ѓурѓо“ на фантастичните Некст Тајм е најгледаното видео од Македонија во 2014 година. Браќата- близнаци Мартин и Стефан направија преработка на легендарната стара песна можеби нетипична за нив, но многумина велат дека овој музички правец одлично им прилега.

 

Ова видео е снимано од астронаутите од Меѓународната вселенска станица во текот на годината што веќе измина.

Погледнете го ова волшебно видео снимено од 354 километри висина.

Календарот на Пелистерка за новата 2015 година предизвика огромно влијание кај јавноста, а еве како се одвиваше снимањето.

kalendarpel

На страниците на календарот ги видовме трите македонски убавици Тамара Тодевска, Марјана Станојкоска и Аделина Таири.

Трите девојки пред објективот се појавија во навистина провокативни изданија.

Фотографиите се дело на Чедо Поповски, а како локација за снимањето беше одбрана фабрика во Битола.

Во следните 4 минути погледнете како течеше снимањето на календарот на Пелистерка.

 

 

ТВ Сител традиционално секоја година ги дава случувањата од зад камерите на својата екипа од информативната редакција. Дневникот секоја година е едно од најгледаните видео парчиња во Македонија. Еве го Новогодишниот Сител Днвник за 2014та.

Сител телевизија ви посакува многу среќа успех и здравје во новата 2015 година.

Предновогодишното расположение дополнително ни го разубавија нашите популарни музички имиња, Даниел Кајмакоски и Тамара Тодевска со нивната нова песна „За миг“.

Песната е дело на Роберт Билбилов, а видео записот е снимен на неколку локации во Скопје од Gorilla Films&Storyteller.

Големиот број дечиња од СОС Детско село Македонија, во спотот ја засилуваат моќната порака на оваа празнична песна.

Дуелот на младинците на Јувентус и Барса кој се одигра викендов, може да се окарактеризира како видно квалитетен со многу фантастични потези и надежни фудбалери. Сепак во сенка на овој меч ќе остане моментот кога по еден брз контранапад, на фудбалерите на „Старата дама“, капитенот на Барселона Рикард Сако го повлече противничкиот напаѓач Бофан, кој ваквиот потег не му го прости. Поточно, револтиран го шутна по ногата, а овој вториот падна како покосен.

Двајцата имаа среќа бидејќи не добија јавна опомена, а се поставува прашањето дали тоа е добар петагошки потег на судијата, бидејќи на овие млади деца не им стави до знаење дека таквите работи во фудбалот се неприфатливи.