Видео

Американскиот претседател Барак Обама има добра смисла за хумор која ја демонстрирал многупати. Во тоа ќе се уверите и од следново видео.

Тој стоеше до млада девојка по име Аја Купер, чиј свршеник Мајк Џонс помина покрај нив дофрлајќи му на Обама на шега дека не смее да ја допре, по што претседателот започна разговор со Аја.

Тој дури и ја бакна за да му даде на Мајк да има за што да зборува.

Рагбистите од младите репрезентации на Австралија и Нов Зеланд, инаку лути ривали одиграа меч кој доколку ве интересира заврши со победа на Нов Зеланд од 15:14. Новозеланѓаните кои важат за најдобри во овој спорт вниманието го привлекуваат со поуларниот тадиционален Хака танц кој го изведуваат пред секој меч. Додека го прават тоа, останатите репрезентации ги прават псоледните договори, но не и младите Австралијци кои се наредија во линија на само половина метар до нив. Да се случуваше вакво нешто кај нас, сигурно ќе беа потребни неколку возила на Брза Помош. Иако ина овој меч не е дека немаше тензии, сепак, до поголем инцидент не дојде. 

Хрватските виртуози Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер се пресреќни бидејќи видеото им се допаднало на членовите на Iron Maiden, а за само два часа постот на ѕидот на Maiden доби повеќе од 14.000 лајкови, 600 коментари и 4000 споделувања. 

Спотот е снимен во Пула, во познатиот клуб Уљаник.

Возачот од снимката проба да влезе во гаражата, но сигурно не ни сонувал дека цврстината на вратата ќе го чини автомобил, а можеви и љубовната врска. Откако од автомобилот ја исфрли девојката, нејзе уште два пати ја нокаутираше гаражната врата.

Полуголиот возач на крајот ги изгуби нервите и за последен пат пробува да ја разбие вратата. Тоа резултираше со едно од најбизарните и најглупи несреќи кои сте ги виделе некогаш. 

Рускиот Претседател Владимир Путин предизвика општо смеење на прес конференцијата во Милано, на нкоја договарајќи на новинарско прашање: што ќе се случи доколку вредноста на рубљата продолжи да паѓа, тој одговори:  - Моежби ќе звучи неприкладно, но знам една изрека за бабата и дедото, го започна својот одговбор Путин и продолжи:  - Кога баба би имала машки полов орган, не би била баба, туку дедо!  Еве го видеото.

Некој ќе рече дека да се биде манекенка е лесна работа. Се што треба е да внимавате на изгледот. Но видеото покажува дека не е така. Очигледно, освенобар изглед, треба да знаете и како да ги задржите гаќиќките на своето место.

Комета од надворешните делови на Сончевиот систем во неделата помина покрај Марс, каде ја пратеа флота роботски сонди.

Кометата Siding Spring помина на само 140.000 км од Марс, што претставува помалку од половина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината и 10 пати поблиску од било која комета што поминала покрај Земјата, изјави американската вселенска агенција НАСА.

Кометата, која името го добила по австралијанската опсерваторија која ја открила минатата година, е прв пат во посета на внатрешноста на соларниот систем откако го напуштила Оортовиот облак сместен зад орбитата на Нептун пред повеќе од милион години.

Кометата беше најблиску до Марс во 20:27 часот проаѓајќи со брзина од 203.000 км/ч.

Се очекува трите марсовски орбитери и двата ровера на НАСА, како и орбитерите на Европската вселенска агенција и Индија да го забележат приближувањето и проаѓањето на кометата.

Хрватската полиција вчера го уапси градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ на преминот Брегане на границата меѓу Хрватска и Словенија, објави загребскиот портал Индекс.

Според неофицијални извори на кои се повикува порталот, хрватска полиција планирала денеска претпладне да ја спроведе акцијата за апсење на Бандиќ, но тој најверојатно дознал дека „нешто се подготвува“ и решил да ја нашушти Хрватска.    

Во акцијата на полициската управа за борба притов организираниот криминал, покрај Бандиќ се упасени и претседателот на управата на јавното претпријатие „Загребски Холдинг“, Слободан Љубичиќ и сопственикот на компанијата ЦИОС, Петар Припуз. 

Тројцата се осомничени за извршување на повеќе кривични коруптивни дела со кои му нанеле штети на Градот Загреб. 

Баскет во маало не е шала, туку напротив многу сериозна работа. Не само што
е важен за рекреација, одржување на телото во форма, ослободување од
негативна енергија, туку и за општ впечаток. Ако тепаш во баскет си и главен
фраер во маало. Проблемот е вечен, а решението е многу едноставно: да бидеш
фит, загреан, спремен и без болки во мускулите. Да се вратиш во игра и да го
„решиш“ противникот. Решението е спорт со Allga San! Погледни го видеото и
увери се:

Дознајте нешто повеќе за групата Билдерберг, признавањето на Палестина, ИСИЛ и уште многу други интересни теми.



На видеото може да се види човек кој што во водата фрла Формалдехид во Либерскиот водовод - што само потврдува од каде потекнуваат симптомите кај луѓето кои наликуваат на Еболата.

 

Паралела 29.09.2014 – вистина без влакно на јазик

САД во 2012 година го обучувал ISIL, што само ги потврдува податоците на источните тајни служби

Тема: Рушење на авионот MH17, 9/11

"UM"- Алан Вотс говори за забраната и компулсивното размислување.

 

Доктор експерт не сака вакцини за своите деца - „Вакцинтие се посмртоносни од самиот грип!“. (свински грип, птичји грип и др)

 

Волшебна убавина, чист воздух, недопрена природа....Убавините на Марков Манастир ќе ве воодушеват. Погледнете низ видеото на Курир.

Филаделфискиот експеримент е наводен таен експеримент на американската воена морнарица кој е изведен на 28 октомври 1943 година на доковите на бродоградилиштето во Филаделфија, кој тргнал во погрешен правец. Ваквиот настан е познат под тајното име проект Виножито.

Се претпоставува дека во експериметнтот се вклучени уништувачот USS Елдриџ, и покрај тоа што членовите на екипажот го негирале настанот. Сепак освен Ала Биелка за кого се утврдило дека на тој датум не бил ни во близина на бродот, па поради тоа не можел да просведочи за наводните случвања.

Овој експеримент имал големо влијани на развојот на разни теории на заговор.

Посојат различни верзии на приказната на оваа тема, кои делумно се разликуваат во некои детали, но, смислата на истата горе-доле е речиси идентична. Поголемиот број на сериозни научници ја отфрлија приказната како невистинита.

Експериментот се темели на теориските принципи на Алберт Ајнштајн со цел да се создаде електромагнетно поле околу воениот брод, кој ќе го направи бродот невидлив. Тестирањата наводно започнале во текот на летото во 1943 година и беше делумно успешно. На 22 јули УСС Елдриџ е направен целосно невидлив, а се што може да се забележи околу него е зелена магла, а некои од членовите по судењето се пожалиле на мачнина.

Следниот тест бил спроведен на 28 октомври и овој пат успешно. Елдриџ целосно исчезнал. Во исто време, тој бил виден во поморската база во Норфолк, и на 600 километри од истата, тој повторно исчезнал и повторно се појавил во Филаделфија. Застапниците на овој настан велат дека се работи за случајна телепортација.

Според непотврдени наводи, физиолошкиот ефект на експериметнтот на екипажот бил негативен. Речиси сите биле тешко болни, некои со шизофренија или некои други ментални болести. Некои од екипажот се водат за исчезнати, а според приказната, петмина од нив биле пронајдени поврзани со металниот брод. Сите преживеани членови на екипажот се отпуштени од служба, а некои од нив им бил „испран мозокот“ со цел да го заборават тоа.   

 

Се верува дека во историјата на човештвото имало само две големи личности, двајца генијалци – а тоа се Леонардо да Винчи и Никола Тесла.

Препознавајќи се себеси како дел од Унивезумот, Тесла често споменувал: „Акцијата на друи и малите живони доведувадо промени на целиот универзум. Мојата главна цел е да укажам на новите појави и да ги ширам идеите кои ќе станат појдовни точки за новите истражувања.

Никола Тесла, не изненадува, е гласник на другите светови. Тој е еден од нас – човек, кој на повторно и повторно не доведува до вечното прашање: Кои сме, од каде сме, зошто, и кои се нашите можности!

Виталиј Правдицев – полковник на Ракетно – космичката одбрана, доктор на технички науки во Советското време, учествувал во тајна задача за создавање на вештачка интелегенција. 

Автор е и режисер на документарните филмови: „Подводни духови“, „НЛО“: Во потрага под подводни вонземјани“, „Третиот рајх Операција НЛО“, Никола Тесла мајстор на Универзумот“, „Никола Тесла Тунгуска инвазија“, „Месец на тајните зони“, „Нацизмот – окултни теории на Третиот рајх“, „Три мистерии на океанот во потрага по духот“, и др. Неодамна напиша книга „Ова мистериозно огледало“. Тој е роден на 22 јуни 1946 година.    

Џухадистите од Исламската држава објавија четврто пропагандно видео на кое британскиот новинар Џон Кантли под закана ја изговара пораката на екстремистите. Во видео снимката која трае речиси седум минути, Кантли, кој е заробеник скоро две години, вели дека Исламската држава е „загрижена за борба“.

Облечен во портокалов комбинезон, 43-годишниот Британец, предупредува дека тоа значи „дека секој кој се надева на фина и суптилна хируршка интервенција, без валкање на рацете ќе биде ужасно изненаден, кога таа ќе биде изведена“.

-Ако тие погубувања предизивикаат јавна побуна или ја сменат политиката, тоа е голема победа. А ако само ги поттикнат нашите влади да фрлаат уште бомби и ја трошат уште милиони долари, со оглед на фактот дека нашите земји се се послаби, тоа е исто така, победа, вели Кантли на снимката.

Пејачката Симона Попоска  го промовираше видеото за нејзината најнова песна на македонски јазик „Не е најдобро“, која е авторско дело на Зоран Алексиќ. Спотот кој веќе доживеа телевизиска промоција можете да го погледнете во продолжение.

 

Видеото од кое застанува здивот неодамна се појави на интернет, а на него таканаречените "base" скокачи решиле од еден облакодер да скокнат во базенот кој се наоѓа на врвот од друга зграда.

Целиот подвиг е снимен со ГоПро камера која е закачена на кацигата на еден од скокачите. Скокот е направен од една од највисоките згради на светот која се наоѓа во Малезија, Куала Лумпур Тауер.

Коњ се прошета во полициската станица во Чешир, Англија.

Вознемирувачко видео го шокираше светот. На видеото кое беше поставено на Јутјуб се гледа како татко безмилосно го тепа своето бебенце, додека тоа вреска од болка. Додека тој го прави грозоморниот чин, мајката од позадина го охрабрува.

Бебето е старо само неколку месеци, но без оглед на тоа, таткото го казнува со ќотек, што е вообичаено за Блискиот Исток и земјите во тој регион.

Со показалецот во рок од пет секунди треба да ја нацртате буквата Q на чело. Ако опавчето од буквата го нацртавте на левата страна, тогаш добро лажете, а на десната - лошо. 

Уште еден доказ дека рагбито е машки спорт, полн со контакти, понекогаш и премногу, добивме на мечот во големото финале на Супер лигата помеѓу Виган и Сент Хелена.

Рагбистот на Виган Бен Флауер по општата тепачка во која го удри противникот Хохај, е испратен во соблекувалната, со што стана првиот играч во историјата на Супер лигата кој е исклучен во големото финале.

Натпреварот е одигран на стадионот Олд Трафорд во Манчестер, а општата и брутална тепачка за која цел свет раскажува погледнете ја во следното видео.

Гледачите на рели во северна Италија можат да речат дека повторно се родиле, откако во последните секунди се разбегаа пред забрзаниот автомобил кој излета од кривината и тргна право кон нив.