Владата ги демантира сите шпекулации дека донела одлука да се продава 51% од ЕЛЕМ.

Од Владата порачуваат дека потенцијалниот нов инвеститор, кој би бил избран на транспарентен начин, би можел да влезе во ЕЛЕМ само со инвестиција во нови енергетски капацитети.

 

Овој демант следи по неофицијално објавените информации кои излегоа во јавноста со помош на неколку електронски медиуми во кој се наведуваше дека Владата размислува да продаде мнозински удел во ЕЛЕМ, откако до премиерот Никола Груевски по неговото враќање од Кина стасала понуда од катарски инвестициски фонд за откуп на 51 отсто во ЕЛЕМ за сума од 560 милиони евра.

 

Image and video hosting by TinyPic