Не се познати нови детали за средбата која вчера се одржа во Њујорк за спорот со името, помеѓу медијаторот метју Нимиц, и македонскиот и грчкиот преговарач.

„Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите. Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба.По внимателна анализа на рамката на Нимиц што денес ја презентирал пред преговарачите во Њујорк, согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија“ соопштија од страна на Владата.

Нимиц изрази оптимизам дека решение конечно ќе се постигне.