Влакненца во внатрешноста на увото,можат да укажуваат на зголемена опасност од срцев удар, покажале некои истражувања.

Студијата направена од доктор Sanders T. Frank и неговиот тим е објавена во New England Journal of Medicine, и таа покажува дека дијагоналниот набор на ушната школка може да биде знак за болест на срцето.

Експертите покажале дека постои врска помеѓу влакненцата во ушниот канал и болестта на коронарната артерија.

Група од доктори вклучувајќи го и Richard F. Vagnera од Медицинското училиште на Универзитетот во Бостон, претпоставуваат дека причината за згрутчување на крвта во артериите може да биде продолжена изложеност на андрогинот во машките хормони.