Потпаролот на ВМРО –ДПМНЕ, Александар Бичиклиски ја обвини СДСМ дека ја лаже јавноста и дека најмалку една година и 6 месеци имале точно информации за тоа кој е Кире Неделковски.

-СДСМ ја лаже јавноста и се надева дека луѓето имаат кратко паметење и дека ќе заборават. Фатени се на дело како штитат човек осуден за силување на малолетно девојче, изјави Бичиклиски.

Најстрашното е, посочи Бичиклиски, што сега  дури откако медиумите ја објавија и самата пресуда за силување СДСМ се криеше и молчеше цели 4 дена. Требаше да стигне осуда од детската амбасада, од експертската јавност и од граѓаните, за да СДСМ конечно излезе со соопштение, но и во тоа соопштение излажаа дека незнаеле кој е Кире Неделковски.

Потпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ посочи дека дополнително тие не се извиниле поради ангажирањето во партиските органи на човек осуден за силување.

-Тоа е преседант, Политичка партија да штити силувач.Ова е доказ дека од СДСМ се спремни да се здружат и со ѓаволот ако треба само за да дојдат на власт. Нивните кадри се кој од кој поискомпромитирани. Од луѓе осудени за криминал, до стари транзициски кадри, а врвот е што во партијата прибираат и луѓе осудени за силување. Јавноста бара извинување, додаде Бичиклиски.

Image and video hosting by TinyPic