ВМРО-ДПМНЕ останува отворена и транспарентна партија блиска до граѓаните, достапна за секој кој ги споделува вредностите и гледиштата на нашата работа. 

Во тој контекст секој кој сака и изразува желба да се зачлени во партијата е добредојден.

Оттука го поздравуваме преминот на членовите и раководството на ВМРО-Народна партија во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Секој нов член значи растеж и поголем капацитет кој дава нова енергија за работа.

 Kако партија ВМРО-ДПМНЕ останува широко отворена и со подадена рака за сите субјекти кои ги подржуваат нашите политики. 

 

Времето покажува дека постојаното омасовување и обединувањето на капацитетите значи дека граѓаните ги прифаќаат тие квалитети. Тоа е и голем поттик за ВМРО-ДПМНЕ да продолжи цврсто и одлучно да го спроведува она што е ветено, да продолжи да работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

 

За ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш биле неприфатливи елитизмот и затвореноста. Ние остануваме отворена партија, достапна за секого кој сака да ги подржи зацртаните цели и да се вгради во заложбите за напредок и развој на Република Македонија.

 

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)