Во центарот на Скопје, на улицата „Живко Чинго“ вчера се случила вооружена кражба, соопштуваат од полицијата.

Како што стои во соопштението, две непознати лица со закана со нож успеале да ограбат 17-годишно момче и да избегаат во непознат правец.

Полицијата ги презема потребни мерки за пронаоѓање на сторителите.