Неиуменуван Сенегалец со француски пасош во саботата наутро околу 9 часот приреди општ хаос на шпанскиот автопат А-92.

Возачот прво 40 километри возеше во спротивен правец, па на крај се заби во блокадата која му ја постави полицијата откако неколку пати одбивал да застане.

Со оглед на тоа со која брзина се забил во едно од поставените возила, полицајците помислиле дека загинал на лице место, меѓутоа тој се извлекол со полесни повреди.

Што го навело на така луд чин не е познато, но локалните медиуми наведуваат дека станува збор за лице со психичко пореметување.