Заврши денеска првата фаза од реконструирањето на локалниот пат во општина Василево, патот кој ги поврзува селата Чанаклија и Нова Маала.

- Вкупната должина на локалниот пат е 4,2 километри и ќе се гради во три фази. Средствата во висина од 25 милиони денари за оваа фаза се обезбедени од Државната агенција за патишта  и од Европската банка за развој. Исто така, од Бирото за регионален развој обезбедивме 1,2 милиони денари и изградивме мост на Новомаалска река, со што квалитетно и трајно го решивме премостувањетo и поврзувањето на тој дел, изјави градоначалникот на Василево, Ване Стојанов.

Реконструкција до крајот на оваа година планирана  е и  изградба и асфалтирање на локалниот пат Добрашинци-Висока Маала со што ќе се заокружи патната инфраструктура во општина Василево.