Сѐ повеќе компании работат на подигнување на свеста за рак на дојка и неговите симптоми, но многумина се нашле на мета поради оптимистичниот приказ на таа болест. Имено, многумина споделуваат симбол на срце, кој всушност ништо не кажува за таа болест.

Заболените овој пат одлучија да направат своја кампања за да избегнат таков оптимистичен приказ. Ерин Смит е жена која одлучила да ја објави својата приказна на Фејсбук.

„Еднаш, некој на Фејсбук објави фотографија како ракот на дојка може да изгледа. Не како се чувствувате со него, туку како изгледа. Во 2015 година видов здебелување кое изгледаше како на таа фотографија. Истиот момент знаев дека имам рак“ - напишала Ерин.

Пет дена подоцна ѝ била поставена дијагноза.

„Тоа што сите споделуваа срциња мене не ми помогна. Знаев и без тоа што е рак. Знаев за самопрегледи, но фотографијата од она на кое треба да обрнам внимание беше клучна во препознавање на болеста. На луѓето мора да им се даде вистинска информација. Без таа фотографија не би знаела ни што треба да барам - додала таа.

Она на што треба да се обрне внимание според неа се здебелувањата, оштетувањата на кожата, црвенило или топлина, исцедок, грутки, здебелени вени, вовлечени брадавици, промена на големината и обликот на дојката, кожа која потсетува на порткал, грутки кои не се гледаат, но се чувствуваат на допир.