Кошаркарите на Дарушафка славеа во турското дерби во Евролигата, откако на гостувањето кај Фенербахче триумфираа со 71:64.

На овој меч имаше и инцидент меѓу Боби Диксон и Скоти Вилбекин, откако плејмејкерот на Фенербахче со глава го удри противникот, а Луиџи Ламоника мораше да интервенира, досудувајќи техничка за Вилбекин, но и за Диксон и Весели, кој се најде во близина на инцидентот.