Граѓаните денеска повторно протестираат пред Општина Центар. Соња Зашовска од Здружението Веритас изјавила дека протестираат бидејќи бараат точката за промена на ДУП-от да се симне од дневниот ред на денешната седница.

Незадоволните граѓани, кои во моментов протестираат пред Општина Центар, му порачале на градоначалникот Жерновски да престане да го силува умот на македонскиот верник, пренесува Курир. Зашовска, пренесува порталот, истакнала дека денеска се собрале во 11:55 часот за да се уверат дека Андреј Жерновски ќе го исполни своето ветување и ќе ја тргне точката од дневниот ред на денешната седница на Советот на Центар.

-Во денешно време никому, а посебно на Жерновски не му веруваме затоа што тој вети многу работи, а ништо не исполни, изјавила Зашовска, пренесува Курир.

Според неа, ако некој се дрзне да сруши еден верски објект, тоа може да го повтори било когаза други верски објекти.