Зимските настинки и грипови често се пропратени со сува кашлица, која ако не се третира на време може да доведе до компликации.

Па, ако ги пробавте сите сирупи и пастили за надразнето грло и не ви помогнаа, вреди да се обидете со овој рецепт со жалфија.

Зошто жалфијата помага при ослободувањето од кашлица?

Високата ефективност на билката се содржи во етеричните масла во нејзините листови кои имаат

антибактериски дејства. Исто така во составот имаат фосфорна киселина, витамин В, Б1, П и танин.

Народната медицина препорачува жалфијата да се меша со млеко за полесно искашлување.

Во мал сад ставете 250ml млеко, додајте 1 супена лажица сува жалфија и загревајте додека течноста не зоврие.

Штом млекото зоврие, тргнете го на страна. Во овој пијалак додадете 1 кафена лажичка путер. Покријте и оставете да отстои 15 минути.

Потоа процедете ја течноста, додајте 1 кафена лажичка мед и 1 кафена лажичка куркума во прав (за деца ½ лажичка) и промешајте.